ВИДЕО: Брајтон им го загорчи премиерлигашиот старт на Тен Хаг и Јунајтед!

Екипата на Манчестер Јунајтед уште во првото коло им приреди големо разочарување на навивачите. „Ѓаволите“ на „Олд Трафорд“ загубија од Брајтон (1-2), иако важеа за големи фаворити на хартија.

  • Манчестер Јунајтед - Брајтон 1-2:

Тен Хаг имаше деби за заборав во англиската елита, а ризикуваше за такво нешто затоа што од првата минута реши да го остави Кристијано Роналдо на клупата. Уште во седмата минута Бруно Фернандеш промаши одлична шанса за Јунајтед, а потоа тоа на домаќинот му се удри од глава.

Германецот Паскал Грос даде два гола во девет минути. Првиот падна во 30. минута, а вториот во 39. минута и Брајтон имаше предност од 0-2. До полувремето Јунајтед беше безопасен, а конечно почна да игра во второто полувреме кога во игра влезе Роналдо. Португалецот беше од помош за екипата, затоа што Рашфорд и Ериксен имаа свои шанси за гол, ама не ги искористија. Во 68. минута МекАлистер си даде автогол за 1-2, но тоа беше се од головите. Добра можност во 74. минута за 2-2 не искористи Далот.

  • Лестер Сити - Брентфорд 2-1:

Лестер Сити имаше 2-0 против Брентфорд, но ги прокоцка и мораше на крајот да се задоволи само со бод (2-2) во првата рунда од Премиер лигата. Кастањ и Дјусбри-Хал погодија за двојна предност на „лисиците“, но гостинот се врати и преку Тоуни и Да Силва ги постави конечните 2-2.

Состави

Ерик тен Хаг

4-2-3-1

    Roberto De Zerbi

    3-4-2-1