Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски со новата титула во босанскиот шампионат влезе во историјата на Сараево, а од тамошните медиуми доби место меѓу најдобрите странци во историјата на фудбалот во БиХ.
Екипата на Сараево, каде настапува македонскиот фудбалер Крсте Велкоски, ќе ја претставува Босна и Херцеговина во квалификациите за Лигата на шампионите.
Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски и Сараево добија нов трофеј во витрините, откако Фудбалската федерација на БиХ реши да го прогласи лидерот за шампион во недовршената лига поради пандемијата со ковид-19.
Комисијата за натпревари на Босна и Херцеговина реши да прогласи крај на Премиер лигата во која за старо-нов првак е крунисан Сараево во чии редови настапува Крсте Велкоски.
Македонскиот дефанзивец Коста Манев остана без договор со босански Вележ, арно ама двете страни преговараат за продолжување на соработката, откри фудбалерот во изјава за босанските медиуми.
Екипата на Сараево каде што настапува нашиот репрезентативец, Крсте Велкоски во моментов нема задолженија во националното првенство. Во Босна и Херцеговина, како и ширум Европа, фудбал нема.
Македонскиот интернационалец Виктор Ангелов постигна гол за Широки Бријег во дерби-дуелот против Борац Бања Лука (2-2) во рамки на босанскиот шампионат.
Сараево останува лидер во босанскиот фудбал, откако во дерби-дуелот на гости кај Вележ во Мостар дојде до значајна победа (1-2) во која придонес имаше македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски.
Осум лица беа уапсени од страна на Агенцијата за истрага и заштита (СИПА), која се сомнева дека учествувале во местење натпревари во босанското првенство.
Екипата на Сараево испадна од Купот на Босна и Херцеговина по пораз на гостувањето кај Широки Бријег (3-2), а македонскиот фудбалер кој настапува за актуелниот првак, Крсте Велкоски беше незадоволен од случувањата на теренот.
Виктор Ангелов на одличен начин ја започна својата нова фудбалска авантура, откако на својот неофицијален деби-меч за Широки Бријег го даде голот-првенец за новиот тим.
Македонскиот интернационалец Виктор Ангелов пред крајот на преодниот рок пронајде клуб и кариерата ќе ја продолжи во БиХ, каде ќе го носи дресот на Широки Бријег.
Македонскиот интернационалец Јани Урдинов се врати во босанската Премиер лига и потпиша едногодишен договор со мостарски Вележ. Ова е еден вид враќање на Урдинов во Босна и Херцеговина, откако претходно настапуваше за Железничар и беше миленик на навивачите „Манијаци“.
Македонскиот интернационалец Коста Манев стави потпис на едногодишен договор со босанскиот прволигаш Вележ. Тимот од Мостар се пофали со новото засилување кое ќе ги брани боите до крајот на тековната сезона.