Титулата во првенството на Босна и Херцеговина одамна ја прослави Зрињски. До европските визи најблизу се Тузла Сити и Борац од Бања Лука, додека Сараево и Железничар и натаму имаат теоретски шанси, но доста се мали на крајот да ги однесат до второто или третото место. Сараево, притоа, има и додатна шанса за Европа преку Купот затоа што во финалето ќе игра против Вележ.