„Бомба“ од Торино: Ањели, Недвед и целата управа на Јуве поднесоа оставка!

„Бомба“ во Торино – оставка поднесе целиот управен одбор на италијанскиот гигант Јувентус, предводен од претседателот Андреа Ањели!

Како што објави италијански „Скај“, заедно со најпознатиот инсајдер Џанлука ди Марцио и уште неколку медиуми на „чизмата“, целиот управен одбор на Јувентус донел одлука да поднесе неотповиклива оставка.

Од претседателот Андреа Ањели, преку потпретседателот Павел Недвед, до сите други членови на Одборот на директори. генералниот директор Маурицио Аривабене и членовите на Управниот одбор, Лоренс Дебру, Масимо дела Раџионе, Кетрин Финк, Даниела Марилунго, Франческо Ронкаљо, Џорџо Такија и Сузан Кивуд, исто така ги напуштија своите позиции.

Сè уште нема конкретни информации за причината за заминувањето, но треба да се напомене дека пред неколку дена по вторпат беше одложено собранието на акционерите на клубот. Првично требаше да се одржи на 23 октомври, а потоа денес, 28 октомври, но повторно не се одржа.

На тој состанок, Ањели и неговите соработници требаше да разговараат за рекордната загуба забележана во сезоната 2021/2022 година, која изнесува 254.300.000 евра.