Бобан Николов е голема желба на Мрме во Горица

Македонскиот тренер Игор Ангеловски има нов предизвик и ќе работи во ХНЛ-лигата каде ќе ја предводи Горица, а голема е можноста тој да добие и македонски фудбалер во екипата.

28-годишниот Бобан Николов е сериозна желба на хрватскиот клуб. Играчот од средниот ред е слободен агент, а Игор Ангеловски одлично ги познава неговите квалитети затоа што двајцата шест години соработуваа во националниот тим.

Штипјанецот беше незаменлив во средниот ред под раководство на популарниот Мрме. Евентуален ангажман на Николов во Горица ќе донесе стабилност во средината, во битката за опстанок во хрватската елита.

Бобан Никилов последен пат играше за Шериф Тираспол, а во кариерата беше дел од Лече, МОЛ Фехервар, Варар и Виторул.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.