Бобан Георгиев пак ќе игра во БиХ, потпиша со Леотар Требиње

Македонскиот фудбалер Бобан Георгиев следната сезона пак ќе настапува во Премиер лигата на Босна и Херцеговина, откако се договори со Леотар Требиње. 

25-годишниот офанзивец замина од Брегалница и по една сезона се враќа во босанското првенство. Георгиев минатата сезона запиша 31 настап за клубот од Штип, постигна два гола и подели две асистенции, а по истекот на договорот остана слободен агент. Сега се договори со босански Леотар и парафира на една сезона. 

Во минатото штипјанецот настапуваше за екипите на Металург, Силекс и Брегалница во Македонија, потоа беше дел од Радник Сурдулица во Србија и пред две сезони играше во БиХ за екипата на Борац Бања Лука.

Кариерата на Георгиев ќе продолжи во редовите на Леотар, а шанса за деби ќе има следниот викенд на гостувањето кај Широки Бријег.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.