Битка за титулата во Серија А: Еве кои се противниците до крајот за Интер, Милан и Наполи

Милан Интер Наполи

Италијанската лига одамна не била толку неизвесна како оваа година. Три кандидати имаат големи шанси да се израдуваат на титулата на шест кола до крајот.

Лидерската позиција моментално ја држи Милан, кој има два бода предност во однос на Интер и Наполи. Само „нераѕурите“ имаат седум средби за играње до крајот, а нивните ривали ќе одиграат натпревар помалку.

Распоред до крајот на Серија А:

  • Милан: Џенова (Д), Лацио (Г), Фиорентина (Д), Верона (Г), Аталанта (Д), Сасуоло (Г).
  • Интер: Специја (Г), Рома (Д), Болоња (Г), Удинезе (Г), Емполи (Д), Каљари (Г), Сампдорија (Д).
  • Наполи: Рома (Д), Емполи (Г), Сасуоло (Д), Торино (Г), Џенова (Д), Специја (Г).

Јувентус е четврти со 62 бода, но тешко е да се верува дека до крајот на тековната сезона ќе може да им ја искомплицира работата на водечкото трио.