„Би-Би-Си“ го смести Елмас меѓу младите ѕвезди од кои се очекува да блеснат на ЕУРО

Во пресрет на новото Европско првенство, кое започнува од утре до 11 јули, спортските медиуми ширум стариот континент ги најавуваат земјите учесници и ги претставуваат нивните најдобри фудбалери. 

Кога ќе се спомне Македонија, кај секој медиум прв на „мета“ е нашата легенда Горан Падев, но кога станува збор за фудбалер од кого се очекува да блесне на овој собир, во сите избори имаше место за македонскиот „дијамант“ Ељиф Елмас.

Елитниот британски медиум „Би-Би-Си“ објави список од 20 млади играчи за кои ова натпреварување ќе биде нивно прво појавување на големата сцена, а на исто така од нив се очекува да остават длабока трага.

„Ељиф Елмас – Пајакот и Македонскиот дијамант. Наполи плати 15 милиони фунти за Елмас кога тој имаше само 19 години, но веќе беше ѕвезда во Турција по двете одиграни сезони за Фенербахче. Елмас може да игра како лажна „деветка“ или на секоја позиција во средниот ред. Во својата кариера одигра повеќе од 200 натпревари во сениорска конкуренција, а Европското првенство може да биде неговата платформа за уште поголемо реноме“, пишува Стив Вилсон.

Покрај Елмас, во друштвото на млади ѕвезди се најдоа уште Швеѓанецот Џордан Ларсон, Чехот Адам Хлозек, Швајцарецот Бекир Омерагиќ, Холанѓанецот Рајан Грејвенберх, Турчинот Оркун Кокчу, Португалецот Нуно Мендесш, Германецот Џамал Мусиала..., а интересно е што нема ниту еден играч на Англија, селекцијата која што ќе го има еден од најмладите состави на овој собир и е еден од главните фаворити за трофејот.