Бенфика го претстави новиот тренер, Роџер Шмит пристигна на „Да Луж“

По променливата сезона. пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но и третото место во Примеира, португалскиот гигант Бенфика сврте нов лист, Германскиот стратег Роџер Шмит е новиот тренер на најтрофејниот португалски клуб. Тој го потпиша договорот и Холандија ќе ја замени со Португалија.

Поранешниот тренер на Баер Леверкузен и ПСВ Ајндховен беше претставен пред португалските новинари. Во друштво на легендарниот Цезар Мануел Руи Коста, Шмит не го криеше задоволството од доаѓањето на „Да Луж“.

„Сакам да играме убав фудбал и да бидеме успешни во мојот престој во Лисабон. Потребни ми се некои корекции во тимот и веќе работам на тоа.

Оваа екипа има голем квалитет, а со добра стратегија и подготовка ќе бидеме уште подобри“, рече Шмит.

Бенфика следната сезона ќе игра квалификации за Лигата на шампионите и само два натпревари ја делат од место во групната фаза, каде се наоѓаат Порто и Спортинг.