• Иван Димовски

Репрезентацијата на Белгија во последното коло од квалификациите за Европското првенство 2020 година, славеше над репрезентацијата на Кипар со 6-1 и потврди дека е селекција со најубедлив впечаток во овој циклус. Белгија со оваа победа стана втората репрезентација, по Италија, која во овие квалификации кои ги победила сите десет натпревари. Одличен доказ за добрата игра на Белгијците, освен максималниот учинок е најдобра гол разлика со неверојатни 40 постигнати и само три примени погодоци.
Иако гостите поведоа во 14. минута преку Јоану, за само две минути Бентеке ја анулира негативата. Водството на „црвените ѓаволи“ дојде во 36. минута преку Кевин Де Брујне. Истиот фудбалер погоди и во 41. минута, а одличната партија ја потврди Фереира Караско, кој по двете асистенции, се истакна со погодок непосредно пред полувремето.
- Белгија - Кипар 6-1:
По паузата Белгија зголеми и на 5-1 со автоголот на Кристофору, кој несреќно се најде на патот на топката, а Бентеке ги постави конечните 6-1 за својата репрезенватија во 68. минута од мечот.
Она што е интересно за оваа група е тоа што второпласираната Русија славеше во сите дуели од групата, но во два наврати загуби од Белгија. Русите денес дојдоа до лесна победа кај Сан Марино за потврда на местото на ЕУРО 2020. Тие до водство дојдоа уште во третата минута преку Кузјајев, а во 19. минута Петров зголеми на 2-0.
Руската репрезентација ја потврди победата со головите во 49. и 56. минута на Миранчук и Јонов за предност од 4-0. Конечните 5-0 беа дело на Комличенко во 78. минута од средбата.
- Сан Марино - Русија 0-5:
Во последниот натпревар од десеттото коло од оваа група Шкотска го совлада Казахстан со 3-1, со што ја потврди третата позиција во групата. Гостите од Казахстан поведоа во 34. минута со голот на Зајнутдинов во 34. минута, а пресвртот за домаќините го комплетираа Мек Гин во 48. и Нејсмит во 64. минута. Во судиското продолжение Шкотланѓаните ја потврдија победата со вториот гол на Мек Гин.
- Шкотска - Казахстан 3-1:
Оваа група беше група со најубедливи две селекции на врвот и Белгија и Русија импресионира со бројот на освоени бодови.