Белгија има голем проблем, жестока расправија меѓу Азар, Де Брујне и Вертонген

Белгија

Како што пишуваат светските медиуми, репрезентацијата на Белгија ја тресе голем скандал.

Лошите резултати на Мундијалот не се единствената лоша вест за фановите на „црвените ѓаволи“. Наводно, Еден Азар влегол во конфликт со Кевин Де Брујне и Јан Вертонген, поради што значително е нарушена атмосферата во соблекувалната.

Тензијата била присутна неколку дена. Ромелу Лукаку застанал меѓу своите репрезентативни соиграчи и спречил ситуацијата да ескалира во непосакуван правец.

Белгија ја победи Канада, потоа загуби од Мароко, а за пласман во нокаут фазата ќе се надигрува со Хрватска во последното коло од групната фаза.