ВИДЕО: Белгија без мака ја реши Англија и ја остави без шанси за плеј-оф во ЛН

Фудбалската селекција на Белгија го доби клучниот натпревар во групата фаза од Лигата на нации и со победата од 2-0 ја исфрли Англија од борбата за првото место во групата 2 од најсилната лига во Лигата на нации. 

  • Белгија - Англија 2-0: 

Момците на Роберто Мартинез отворија офанзивно и со висок пресинг ѝ создадоа големи проблеми на Англија, која вечерва настапи со комбиниран состав, без неколку клучни фудбалери во првиот тим.

Резултатот на ваквиот пристап на „ѓаволите“ дојде по само десет минути игра, откако по една одлична тимска акција членот на Лестер Сити, Тилеманс со прецизен удар го матира Пикфорд и донесе заслужена радост за домаќините. 

Англичаните уште неосвестени од раниот шок, повторно капитулираа. Овој пат Мертенс со ремек-дело од слободен го надмудри голманот на Евертон и Белгија си создаде сигурна предност од 2-0, резултат со кој се замина на одмор. До крајот на првиот дел „Гордиот Албион“ преку Хари Кејн на двапати се закани, но резултатот остана непроменет. 

За разлика од првиот дел, во вториот Англија беше таа која го диктираше темпото и ја имаше иницијативата, но домашните фудбалери навремено ги сопираа сите налети на противникот, па Куртоа речиси и да немаше работа на овој меч. Капитенот Кејн повторно ја имаше најзрелата шанса за да ја врати својата селекција во игра, но неговиот удар повторно заврши покрај голот на Белгија. 

Со оваа победа Белгија остана на лидерската позиција на табелата со 12 бода, но сè уште не обезбедила место во плеј-офот, затоа што вечерва триумф извојува и Данска, против која ќе решава во последното коло. 

Скандинавците одлично ја завршија својата последна домашна задача за оваа оваа година, откако со минимални 2-1 го совладаа Исланд, кој пак по пет кола сè уште е без ниту еден освоен бод. Данците до посакуваната победа стигнаа со двата гола на Кристијан Ериксен од пенал, од кои членот на Интер вториот го постигна во судиското надополнување. 

  • Данска - Исланд 2-1: