Белененсеш против Бенфика со два играчи помалку и двајца голмани!

Чудна ситуација се случува во Португалија, пред натпреварот меѓу Белененсеш и Бенфика во елитата, затоа што на теренот се само гостите и се загреваа, а домаќините ги немаше.

Релевантните португалски медиуми споделија вест дека Белененсеш нема доволен број на играчи да се соочи со „орлите“. Таа се потврди, мечот против Бенфика домашните го започнаа со девет играчи.

Белененсеш има голем проблем со коронавирусот. Така, на располагање има само седум играчи и уште двајца голмани. Интересно е што и двајцата голмани ќе бидат на терен, еден како чувар на мрежата, друг како играч. Поточно, десен бек.

Уште во првата минута Бенфика дојде до предност од 1-0... Којзнае каков ќе биде конечниот резултат. Можеби ќе дојде до прекин!?