„Бејби бум“ во Ријека: Ристовски стана татко пред пет дена, зголемен наталитетот во градот

Ријека и Ристовски

Поминаа точно девет месеци од шампионското славје на Ријека во хрватскиот шампионат, триумф, кој навивачите засекогаш ќе го паметат, а тоталното лудило донесе и „бејби бум“.

Имено, минатата недела, девет месеци по историската титула, во градот наталитетот се зголеми за цели 50% во однос на минатата година. Актуелниот хрватски шампион го искористи тоа за да ги посети мајките во болница со подароци наменети на најмладите членови на екипата.

Нашиот Стефан Ристовски стана татко пред пет дена, а за тоа не заборави да ги почести своите поранешни соиграчи.