Барса налето бесплатно ја „краде“ ѕвездата на Милан?

Екипата на Барселона, според последните информации од Шпанија и Италија, е последниот тим кој се вклучи во трката за потпис со Франк Кеси. 

Фудбалерот на Милан има договор до крајот на сезоната, преговорите со клубот не одат во позитивна насока и сè поизгледно е дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе замине. Бидејќи е во последните шест месеци од договорот, неговиот агент може да преговара со потенцијални нови клубови за Кеси. 

Според најавите на новинаротНико Шира од Италија, како и „Радио Каталонија“, Барселона му понуди на Кеси договор од осум милиони евра, плус бонуси на годишно ниво. Играчот за врска има шанса да потпише со каталонскиот тим до 2027 година, а најавите велат дека тој е заинтересиран за овој трансфер. 

Милан нема во план да му понуди повеќе од шест милиони годишно, па големи се шансите Кеси да премине во Барселона во јуни.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк