ВИДЕО: Барди учесник во победата на Трабзон, првенец за Роналдо кај Шериф

Енис Барди доби шанса во завршницата во триумфот на Трабзонспор против Црвена Звезда (2-0). Македонскиот фудбалер го замени стрелецот на првиот погодок Марек Хамшик.

  • Трабзонспор - Црвена Звезда 2-0:

Гостите завршија со човек помалку, поради црвениот картон на Кангава, па на крај немаа голема шанса за освојување бодови. Трезеге го потврди славјето на домашниот тим во вториот дел, пет минути по исклучувањето на гостинскиот играч. Гол за утеха на српскиот првак постигна Николиќ.

Сигурен меч одигра Манчестер Јунајтед кај Шериф (0-2). Премиерлигашот славеше со головите на Џејдон Санчо и Кристијано Роналдо. Португалецот се израдува на првиот погодок оваа сезона, со шут од белата точка.

  • Шериф - Манчестер Јунајтед 0-2:

Убедливи домашни победи запишаа Феенорд против Штурм Грац (6-0) и Мидтјиланд на мечот со Лацио (5-1). Карабах го надигра Нант (3-0), идентичен триумф запиша Фрајбург кај Олимпијакос (0-3), Ференцварош го шокира Монако (0-1), а Реал Сосиедад го доби натпреварот со Омонија (2-1).

Состави

Abdullah Avci

4-4-2

    Milos Milojevic

    4-4-2