Белингем го подобри рекордот на Мбапе со супер-голот во Истанбул

Супер-ефикасната вечер во Лигата на шампионите донесе неколку индивидуални признанија и рекорди. Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд и англиската репрезентација, Џуд Белингем синоќа постигна гол во победата против Бешикташ од 1-2.

Англичанецот стана најмлад стрелец на два натпревара по ред во Лигата на шампионите, откако веќе се запиша во листата на стрелците на реванш дуелот од четвртфиналето на Лигата на шампионите минатата сезона против Манчестер сити. На натпреварот против Бешикташ, Белингем погоди со 18 години и 78 дена.

Претходниот рекорд му припаѓаше на напаѓачот на француската репрезентација и ПСЖ, Килијан Мбапе со 18 години и 85 дена. Французинот рекордер стана во март 2017 година кога настапуваше за Монако.

Белинген за десет милиони евра дојде од Бирмингем Сити во Борусија Дортмунд и неговата цена на пазарот денес изнесува 80 милиони евра.