Баксуз на сезоната: Дојде во Интер да слави скудето, а трофејот замина кај Милан

Екипата на Милан го детронизира Интер и го освои своето деветнаесетто скудето. Во последното коло „росонерите“ славеа на гостувањето кај Сасуоло со 0-3, иако им беше доволно само реми и се радуваа на титулата во Серија А

Еден од најнесреќните фудбалери во таборот на „нераѕурите“, дефинитивно ќе биде Хакан Чалханоглу. Турчинот претходното лето направи предавство и прејде од Милан во Интер, а на презентацијата кажа: „Дојдов во Интер за да ја освојам титулата“. 

Сепак, тој е баксуз на сезоната, бидејќи трофејот замина во витрините на „црвено-црниот“ тим од Милано. Поради тоа, Италијанците направија интересна илустрација на која е отсликана ситуацијата на Турчинот. 

Нова шанса за скудето, Чалханоглу и Интер ќе имаат следната сезона, која се очекува да биде одново возбудлива.