ВИДЕО: Бајката на Удинезе и Несторовски продолжува, со гол во 93. минута совладана Верона

Екипата на Удинезе беше на работ да ја прекине фантастичната серија во домашниот шампионат, но во вистински момент покажа карактер и борбеност и со гол во судиското надополнување се избори за победа од 1-2 (1-0) над Верона, на затворањето на осмото коло од Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

„Црно-белите“ уште еднаш потврдија дека со право ги сметаат за најпријатното изненадување во досегашниот дел од шампионатот во Италија и на ова гостување отпатуваа со низа од пет победи. Бајката продолжи и во Верона, екипа која што може да жали што остана со „празни раце“, затоа што прва постигна погодок, а и до самиот финиш имаше бод на своето конто.

На дуелот на „Марио Бентегоди“, домашниот тим прв зададе удар. Во 21. минута Доиг со волеј со десната нога донесе огромна радост на трибините и водство за својот тим од 1-0, резултат со кој се замина на одмор. Во вториот дел Удинезе беше тимот кој доминираше на терен и прашање на време беше кога ќе капитулира домашната одбрана. Тоа се случи во 70. минута, кога бразилскиот напаѓач Бето, на додавање на Делофеу, стрелаше за 1-1, а во 93. минута Бијол најдобро се снајде во мешаницата и со глава стрелаше за огромна победа на Удинезе од 1-2.

Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски, повторно беше резерва и шанса за докажување доби во последните десет минути од натпреварот. Со оваа победа Удинезе напредуваше на табелата во Серија А и сега е на третата позиција со 19 бода, еден помалку од водечките Наполи и Аталанта.

Состави

Салваторе Бокети

3-4-1-2

    Andrea Sottil

    3-5-2