Баерн Минхен постави нов апсолутен рекорд во Бундеслигата

Баерн

Со победата над Хофенхајм, екипата на Баерн Минхен остана на првата позиција на табелата во Бундеслигата.

Јулијан Нагелсман не беше на клупата против поранешната екипа поради позитивен тест на коронавирус. Но, тоа не претставуваше проблем за баварските ѕвезди убедливо да го надиграат ривалот на „Алијанц Арена“.

По девет одиграни кола бранителот на титулата има 22 бода и стои на еден повеќе во однос на Борусија Дортмунд. „Милионерите“ имаа успешно гостување кај Арминија.

Нападот на Баерн функционира беспрекорно на стартот од новата сезона. Големиот фаворит во германското првенство досега има постигнато дури 33 гола, што е апсолутен рекорд во историјата на шампионатот, по девет одиграни натпревари.

Гнабри отвори, Левандовски зголеми во првиот дел, а во продолжението на голеадата се надоврзаа уште Чупо-Мотинг и Коман.

Состави

Јулијан Нагелсман

4-2-3-1

    Sebastian Hoeness

    3-4-3