Бабунски не доби нов договор, Пелистер ќе именува нов шеф на стручниот штаб

Откако не ја оствари целта да се врати во Првата лига и заврши на четвртото место во ВМФЛ, битолски Пелистер се одлучи за промени. Клубот не му го продолжи договорот на Бобан Бабунски и најави дека наскоро ќе го именува неговиот наследник.

„ФК Пелистер ја известува јавноста дека со завршувањето на Втората фудбалска лига официјално заврши догооворот на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски. Со оглед на неисполнувањето на целта, промоција во Првата лига, патиштата на клубот и Бабунски се разидуваат. 

ФК Пелистер му се заблагодарува на Бабунски за неговата работа, професионалност и посветеност и му посакува многу успех во понатомошната кариера. Клубот во наредниот период ќе го објави новиот шеф на стручниот штаб за сезоната 2023/24“, се вели во соопштението на битолскиот клуб.

Бабунски дојде на кормилото на двојниот Куп-понбедник во јануари, менувајќи го Марјан Секуловски.