• Горан Упале

Еден Азар, најскапото летно засилување на Реал Мадрид, викендов повторно се повреди и според најавите сезоната за него е завршена.
Оваа информација ја потврди и Роберто Мартинез, селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, велејќи дека неговиот најдобар фудбалер ќе паузира најмалку три месеци.
„Навистина многу ми е жал за тоа што се случи. Поради оваа повреда Еден ќе биде надвор од терените три месеци. Фудбалер како него треба секогаш да биде на теран, затоа ова е голем удар за нас и Реал. Заеднички ќе ја следиме неговата ситуација, затоа што ни следува Европско првенство“, рече Мартинез.
Азар, оваа сезона одигра само 15 натпревари за Реал Мадрид, а на последниот против Леванте повторно се пожалил на истата повреда заради која претходно отсуствуваше подолго време.