ВИДЕО: Азар асистира „со очи“, Белгија со „осум од осум“ до нов рекорд

Фудбалската репрезентација на Белгија продолжи со одличните игри во квалификациите за Европското првенство (ЕП) и со триумф во Казахстан (0-2) го запиша осмиот триумф на осмиот натпревар.

  • Извештај од натпреварот:

„Ѓаволите“ беа моќни повторно и го надиграа противникот, за нови три бода. Дуелот го одбележа одличната тимска игра на Белгија, а исто така и перфектната асистенција на Еден Азар за вториот гол.

Што се однесува до текот на средбата во Астана, резултатот се отвори во 21. минута кога погоди Батчуаији, по асистенција на Прает, по одлична тимска акција. Вториот гол, пак, пристигна на стартот на второто полувреме кога Азар подели аситенција „со очи“ до Муние, а тој ја претвори шансата во погодок.

Белгија со осумте победи на осум меча по ред постави нов личен рекорд по бројот на победи во низа, затоа што претходниот изнесуваше седум.

Белгијците имаат 24 бода во квалификациите за ЕП 2020 и се перфектни, со феноменална гол-разлика 30-1. Во следната рунда селекцијата гостува кај Русија која е второпласирана.