ВИДЕО: Аталанта го „освои“ Неапол и се вклучи во битката за врвот!

Фудбалерите на Аталанта се радуваа на победа на „Диего Армандо Марадона“ на гостувањето кај Наполи со 2-3 (1-1) во второто денешно дерби од 16. коло на Серија А. Гостите од Бергамо рано поведоа, а „партенопеите“ направија пресврт преку Зиелински и Мертенс. Сепак, Демирал и Фројлер погодуваа до крајот за Аталанта и трите бода отпатуваа од Неапол. 

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше стартер во тимот на Лучијано Спалети и го одигра целиот натпревар. 

  • Извештај од натпреварот: 

Седум минути му беа потребни на Руслан Малиновски да донесе предност на тешкото гостување. Украинецот со волеј стрелаше по асистенција на Запата и Аталанта поведе (0-1). 

Домаќините тргнаа поофанзивно, а тоа можеше да го искористи Аталанта која се закани преку Запата и Запакоста. Сепак, пред полувремето Пјотр Зиелински успеа да израмни на 1-1. Веднаш на стартот на продолжението Дрис Мертенс го комплетираше пресвртот на неговиот тим. Белгиецот, по проигрување на Малкуи, погоди за 2-1 во 47. минута од дуелот. 

Аталанта ја презеде иницијативата, почна да притиска и да реди шанси. Дуван Запата беше најрасположен, погоди статива и изнуди добра одбрана од Оспина. Наполи се извлече, бидејќи Марио Руи играше со рака во шеснаесетникот, но по преглед на ВАР не беше досуден пенал. Израмнувачкиот погодок за „божицата на провинцијата“ го постигна Мерих Демирал во 66. минута. Толои го проигра стоперот, кој се најде во нетипична позиција, се проби низ одбраната и погоди над главата на Оспина. Само пет минути подоцна стрелаше и Ремо Фројлер за нов пресврт и водство на Аталанта од 2-3. 

До крајот на дуелот Наполи се обиде да се врати во игра и да освои бод, ама не успеа во тоа. Најзрелата шанса во завршницата ја имаше Петања. По шеснаесет кола во Серија А лидер на табелата е Милан со 38 бода, пред Интер со 37, Наполи има 36, а во трката се вклучи и Аталанта која има 34 бода. 

Состави

Лучијано Спалети

4-4-2

    Gian Piero Gasperini

    3-4-3