Артета: Цел ни е да се навикнеме на победи на тешки гостувања

За разлика од минатата сезона, Арсенал ја започна Премиер лигата годинава со победа, а триумфот од 0-2 над Кристал Палас беше педесетти за Микел Артета на чело на „топџиите“ во Премиер лигата.

„Трите бода ќе ни дадат самодоверба, а потоа ќе размислиме што треба да подобриме во нашата игра. Ако треба да бидам искрен, имаше многу компоненти во кои не бевме на ниво.

Вилијам Салиба беше перфектен. Одигравме одлично во првиот половина час. Требаше да постигнеме повеќе од еден гол во тој период. Домаќините многу ни отежнаа во вториот дел. На „Селхрст парк“ победувате со трпение. Го покажавме тоа и тоа е дел од менталитетот што сакаме да го изградиме. Наша цел е да се навикнеме да победуваме на тешки места како стадионот на Кристал Палас“, додаде менаџерот на Арсенал.

Шпанскиот стручњак го водеше тимот на 98 натпревари. Само Арсен Венгер, кој го забележа ова достигнување во својот 94-ти меч, стигна до педесет победи во елитата на англискиот фудбал побрзо од него со клубот од северен Лондон.

Состави

Patrick Vieira

4-2-3-1

    Микел Артета

    3-4-1-2