ВИДЕО: Рамздејл го спаси Арсенал, Брајтон ја прекина низата на „топџиите“

Брајтон и Арсенал одиграа реми без голови во рамки на Премиер лигата и со овој резултат се прекина победничката низа на „топџиите“ од Лондон.

  • Извештај од натпреварот:

Арсенал имаше три победи едно по друго во домашното првенство, но Брајтон продолжи да изненадува и се задржа во горниот дел на табелата. И двете екипи имаа свои шанси, но не беа премногу сериозни за да се тресат мрежите.

Домашните фудбалери дури 21 пат шутнаа кон голот на „топџиите“, ама само два обида беа во рамки на голот и тоа двата во последните дваесетина минути од натпреварот. Најдобрата можност ја имаше Емил Смит Роу, меѓутоа голманот Санчез реагираше врвно.

Во самиот финиш Брајтон имаше шанса да ги грабне трите бода, но по корнер непосредно од пред гол-линијата спаси Рамздејл. Потоа, во 92. минута домашните бараа и пенал, ситуацијата се прегледуваше со ВАР, но арбитарот Мос одлучи дека нема елементи за најстрога казна.

Брајтон е петти во Премиер лигата и по седум кола има еден пораз, додека Арсенал е деветти.

Состави

Graham Potter

4-4-2

    Микел Артета

    4-4-2