Арсенал поради ковид-19 ја откажа турнејата во САД

Англискиот премиерлигаш Арсенал нема да игра пријателски натпревари во Соединетите Американски Држави (САД) и ја откажа предсезонската турнеја поради коронавирусот.

„Атлетик“ пишува дека во клубот се појавиле позитивни случаи при тестирањето, па никој не сакал да ризикува и да патува во САД, па да настанат некакви компликации или вирусот да се рашири и кај другите.

Така, Артета нема да има две од предвидените пријателски натпревари. Арсенал требаше да игра против Интер и против Евертон или Милионариос.

Првиот натпревар на Арсенал во новата сезона од ПЛ е закажан на 13 август против Брентфорд.