Арсенал ја засили левата бековска позиција со португалски талент

Екипата на Арсенал доведе ново име на левата бековска позиција, откако потпиша договор со Нуно Тавареш од Бенфика

21-годишниот Португалец кој е младински репрезентативец на оваа земја пристигна во таборот на „топџиите“ за околу осум милиони евра. Арсенал потврди дека младиот играч потпишал долгогодишен договор, веројатно на пет сезони и ќе фигурира како замена за Киеран Тирни. 

  • Официјална потврда на трансферот:

Минатата сезона во Бенфика, Тавареш одигра 25 натпревари низ сите конкуренции на кои запиша три асистенции, а остана без погодоци. Покрај лев бек, може да игра и на крилната позиција, но по потреба може да одигра и десно. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.