Арсенал ѝ понуди на Барса интересна размена, но шпанскиот клуб експресно одби

Пјер-Емерик Обамејанг е најдобриот играч на Арсенал во претходните сезони, но се чини дека го загуби статусот што го имаше во лондонскиот клуб, поради што сè повеќе се шпекулира за неговото заминување.

Англиските медиуми синоќа објавија дека раководството на „топџиите“ се обидува да најде начин како да се ослободи од искусниот напаѓач и ѝ понудиле интересна размена на Барселона.

Имено, Арсенал ѝ понуди на Барселона можност да го доведе Обамејанг во своите редови, а во спротивна насока да дојде Филипе Кутињо, на кого Роналд Куман очигледно нема да смета.

Сепак, Барселона експресно одговори на оваа понуда од Арсенал и наводно во овој момент не била заинтересирана за размена.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.