ВИДЕО: Арсенал и Лестер потфрлија, Ливерпул сигурен кај Кристал Палас

По трите кикса во низа, екипата на Ливерпул конечно врза две победи во Премиер лигата. Одличниот натпревар против Брентфорд во претходното коло, денес беше потврден со нови три бода на момците на Јирген Клоп, откако во Лондон падна Кристал Палас, со сигурни 1-3.

  • Кристал Палас - Ливерпул 1-3:

Ова беше втора победа на „црвените“ без своите најдобри фудбалери во нападот. Мохамед Салах и Садио Мане имаа обврски со своите репрезентации на Африканскиот Куп на Нации, но денес тоа не се почувствува, затоа што Ливерпул одигра сосема коректен натпревар на „Селхрст Парк“ и заслужено впиша нови три бода на своето конто. 

Резултатот во Лондон го отвори Ван Дајк, со погодок уште во осмата минута, а Окс Чембрлејн со својот втор гол оваа сезона донесе комотни 0-2, резултат со кој се замина на одмор. Во вториот дел момците на Патрик Виера преку Едуард ја вратија неизвесноста, но до крајот немаа сили за нешто повеќе. Во самиот финиш шампионот од пред две сезони доби најстрога казна, а ударот од белата точка го реализира Фабињо за конечни 1-3.

Попладнево се одиграа уште два натпревари, во кои Барнли и Брајтон приредија изненадување и грабнаа бод од тешките гостувања кај Арсенал, односно Лестер Сити. На „Кинг Пауер“, Дака на самиот старт на вториот дел погоди за домашна радост, но искусниот Дани Велбек во самиот финиш погоди за реми на момците на Грем Потер.

  • Лестер Сити - Брајтон 1-1: 

На „Емирати“, пак, Арсенал имаше тотална доминација против борбениот Барнли, оствари 75% посед на топката, упати преку 15 удари кон голот на противникот, но не ја погоди целта, па мораше да се задоволи само со еден бод.

  • Арсенал - Барнли 0-0:

Попладнево од 17:30 часот во Лондон се игра големото дерби меѓу Челзи и Тотенхем.

Состави

Рој Хоџсон

4-3-3

    Јирген Клоп

    4-3-3