Арсенал го донесе третото најскапо засилување во историјата

Екипата на Арсенал почна со засилувањата за следната сезона и постигна договор со англискиот репрезентативец Бен Вајт.

23-годишниот централен дефанзивец во редовите на тимот од Лондон доаѓа од Брајтон. Арсенал за него одвои 50 милиони фунти, што го прави Вајт третото најскапо засилување во историјата на Арсенал по Обамејанг и Пепе.

Вајт ја почна професионалната кариера во Брајтон во 2016 година, а во меѓувреме беше на три позајмици и играше за Њупорт Кантри, Петерборо и Лидс Јунајтед.

Младиот играч беше дел и од англиската репрезентација на ЕП 2020, а за „гордиот албион“ одигра два меча.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.