Арсенал го „блиндира“ талентираниот шкотски бек

Екипата на Арсенал го „блиндира“ талентираниот Киеран Тирни, кој го продолжи договорот на уште максимални пет сезони.

Шкотланѓанецот кој пристигна во 2019 година на „Емирати“ од редовите на Селтик, се етаблираше како одлично засилување. Арсенал за Тирни плати 27 милиони евра, а сега му даде договор до 2026 година. Соработката е постигната релативно лесно, со оглед на тоа што фудбалерот не е во Англија, бидејќи играше на Европското првенство со Шкотска

Тирни се препорача кај „топџиите“ во 170-те настапи за Селтик, во кои успеа да погоди осум пати, а запиша неверојатни 37 асистенции. Иако во Арсенал не е толку ефективен, веќе одигра 62 натпревари, постигна три погодоци и девет пати им асистираше на соиграчите.