Арсенал е на добар пат да ја продлабочи кризата на четата на Биелса

По очајниот старт на сезоната, кој му донесе три лигашки порази од Брентфорд, Челзи и Манчестер Сити со гол-разлика 0-9, Арсенал конечно го фати посакуваниот ритам и веќе седум натпревари не знае за пораз. Изданието против Астон Вила за време на викендот (3-1) беше убедливо најдоброто досега од стартот на годината и со тој меч „топџиите“ најавија дека наскоро може да се вмешаат во борбата за Европа.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Арсенал и Лидс

Но, пред да продолжат да се борат за продолжувањето на добрите резултати во Премиер лигата, ги очекува осминафинале во Лига Купот во рамки на кое Лидс доаѓа на „Емирати“. Од најпријатно изненадување минатата сезона, тимот на Марсело Биелса моментално наликува на една од оние екипи на кои им се подготвува борба за опстанок.

Вистина е дека Јоркширци се борат со повреди, меѓу оние кои не може да помогнат е најдобриот стрелец од минатата сезона, Патрик Бамфорд. Ќе го немаат и на мечот со Арсенал, а ќе видиме дали Биелса ќе го користи Бразилецот Рафиња кој за време на викендот го напушти теренот на носилки на дуелот со Вулвси, но потоа на социјалните мрежи потврди дека повредата не е сериозна.

Квоти за останатите натпревари во Лига купот на Англија

Минатата сезона во Премиер лигата на „Еланд Роуд“ резултатот беше 0-0, додека во Лондон натпреварот заврши со голеада и славје на Арсенал со 4-2. Лидс на победа над „топџиите“ чека девет натпревари по ред и тоа од далечната 2003 година.