Арнаутовиќ се соочува со казна од најмалку десет натпревари неиграње!

Репрезентацијата на Македонија претрпе пораз од Австрија на отворањето на Европското првенство. Ако загубените бодови веќе се заборавени, ситуацијата и вербалната расправија на Марко Арнаутовиќ и Езџан Алиоски не може така лесно да се остават во минатото. 

Поради српското потекло, напаѓачот на Австрија откако даде гол упати тешки зборови кон Алиоски, кои не ѝ се познати на јавноста. Сепак, се смета дека тоа е националистички испад, а ФФМ застана зад нашиот бек и се пожали до УЕФА која отвори истрага за случајот. 

Доколку од УЕФА утврдат дека навистина Арнаутовиќ го нападна Алиоски на националистичка база, според дисциплинскиот правилник играчот треба да добие санкција од најмалку десет натпревари. Строгите правила против расизмот и дискриминацијата велат дека ако некој фудбалер навреди личност, група на луѓе на било која основа од: боја на кожа, раса, религија, етничко потекло, пол или сексуална ориентација, се повикува на казна од најмалку десет мечеви. 

  • Дисциплинскиот правилник на УЕФА: