Аргентина го откажа пријателскиот меч со Бразил во Австралија

Бразил Аргентина

Аргентинската репрезентација одлучи да не игра пријателски натпревар со Бразил како дел од подготовките за Мундијалот во Катар.

Фудбалскиот сојуз на Аргентина не даде образложение за оваа одлука. Натпреварот беше закажан за јуни и требаше да биде спектакл за австралиските фанови.

Овие две јужноамерикански ривали добија датум за одигрување на квалификацискиот меч, кој беше прекинат поради прекршување на ковид протоколи. ФИФА сака дуелот да биде закажан за септември, но и натаму нема конечна одлука.

Бразилците наводно разгледуваат опција да се сретнат со репрезентација од Африка на празниот термин на први јуни.