ВИДЕО: Андоновски тргна со пораз, Шведска ја декласира репрезентацијата на САД

Шведска

Американската репрезентација, предводена од Влатко Андоновски, запиша висок пораз на отворањето на олимпискиот турнир во Токио. Шведска застана на патот на САД и ги запиша првите бодови со убедливо издание на стартот (3-0).

Најдобра фудбалерка на теренот беше Стина Блакстениус, која се погрижи да ги постигна воведните два гола. Печат на триумфот стави Лина Хуртиг во 72. минута од мечот.

Турнирот беше отворен со сигурен настап на Велика Британија во дуелот со Чиле (2-0). Елен Вајт беше единствен стрелец на денешната средба.

На третиот натпревар Бразил беше убедлив против Кина (0-5), а лидер меѓу своите соиграчки беше Марта со две реализации.