Анчелоти стигна до „стотката“ во ЛШ, пред него е само Фергусон

Карло Анчелоти

Реал Мадрид одлично ја започна новата сезона. Во домашното првенство не погреши и е лидер на табелата, а со две победи стартуваше и во Лигата на шампионите.

Федерико Валверде и Марко Асенсио донесоа победа за „кралевите“ против РБ Лајпциг. Таа донесе јубилеј за тренерот Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег стигна до сто триумфи во елитното клупско натпреварување и застана на второто место меѓу најуспешните тренери во историјата.

Врвот и натаму го чува легендарниот Сер Алекс Фергусон. Водејќи го Манчестер Јунајтед, шкотскиот менаџер оствари две победи повеќе во однос на предводникот на „кралскиот“ клуб. Се очекува во текот на оваа сезона Анчелоти да направи чекор напред и да стане неприкосновен на оваа листа.

Мадриѓани во следните две кола од групната фаза ќе се соочат со Шахтјор. Украинскиот претставник ќе биде можност за Италијанецот да ја достигне рекордната бројка на Фергусон.

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Marco Rose

    4-2-3-1