Анчелоти: Не барам фантастична, туку паметна игра и три бода!

Со победи на сите осум официјалните домашни и интернационални натпревари, Реал Мадрид има најдобар старт на сезона во новиот милениум. Синоќа, европскиот првак се намачи да го совлада РБ Лајпциг со 2-0, со головите на Валверде и Асенсио во финишот.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на играта на неговите избраници на натпреварот со Германците синоќа..

„Не одигравме фантастично. Но, не сакавме да му дозволиме на РБ Лајпциг да го загрози нашиот гол во контранапад, па не притискавме премногу.

Сакавме да победиме, будноста во одбраната беше многу важна. Сега не можам да барам од играчите да играат фантастично, туку барам од нив да играат паметно за да победат. Би сакал да постигневме гол порано, но Лигата на шампионите не е лесна. На крајот ја исполнивме целта и освоивме три бода“, рече италијанскиот тренер.

Реал е лидер во Ф групата со шест бода, пред Шахтјор кој има четири. В недела во шестото коло на Примера, првакот гостува кај градскиот ривал Атлетико Мадрид. 

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Marco Rose

    4-2-3-1