Американците притискаат за финале во Лигата на шампионите во САД

ЛШ финале

Европската фудбалска унија (УЕФА) наводно размислува да го разгледа предлогот финале во Лигата на шампионите во иднина да се одигра во Соединетите Американски Држави. Финансиските предности кои ги носи оваа одлука се примамливи за челниците на УЕФА, кои веруваат дека ваков потег драстично ќе го зголеми пазарот.

Идејата ќе биде на маса за време на седницата на Генералното собрание во Истанбул наредната недела. Сонот да се донесе најгледаниот клупски меч од Европа на американско тло е „жив“ во очите на промоторите од Северна Америка. Исто така, за блиска иднина се планира организација на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави. Тоа е показател за начинот на кој што се менува политиката на УЕФА во изминатиот период, мотивиран од финансиските придобивки.

Фудбалот полека се развива и во МЛС лигата. Голем дел од клубовите веќе имаат модерни стадиони, меѓутоа им фали зголемување на популарноста меѓу спортските фанови. Засега тие и натаму пред фудбалската игра ги ставаат американскиот фудбал, кошарката, бејзболот и хокејот.

Шпекулациите велат дека првото финале во Соединетите Американски Држави ќе се одигра во 2024 година, а домаќин ќе биде Њујорк.