ВИДЕО: Алиоски доби половина час, Фенербахче се спаси со доцен пенал

Фенербахче

Екипата на Рен со човек помалку обезбеди бод на домашниот меч против Фенербахче (2-2). Езџан Алиоски започна од клупата за резерви и доби шанса во вториот дел.

  • Рен - Фенербахче 2-2:

Териер и Мајер во период од само две минути постигнаа два гола во мрежата на гостите. Тоа донесе шок за турскиот гигант, кој сепак не се откажа. Упорноста му се исплати кога Кавечи од далечина намали на 1-2. Тоа ја врати неизвесноста во мечот, а шансите на Фенер се зголемија кога исклучен беше Траоре. Гостинот направи завршен притисок, па доби пенал во надополнувањето. Конечниот резултат го постави Енер Валенсија

Рома на Жозе Мурињо во вториот дел го скрши ХЈК Хелсинки и обезбеди рутинска победа (3-0). Пауло Дибала отвори, а потоа на голеадата на римјаните се надоврзаа Пелегрини и Белоти.

  • Рома - Хелсинки 3-0: 

Бетис го надигра Лудогорец во ефикасен меч во Андалузија (3-2), Унион Ројал со идентичен резултат го изненади Малме, минималиц запишаа Унион Берлин и АЕК Ларнака, а Бодо/Глимт беше подобар од Цирих.

  • Бетис - Лудогорец 3-2: 

Второто коло ќе биде комплетирано на 20 октомври, со дуелот меѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен

Состави

Bruno Genesio

4-3-3

    Jorge Jesus

    4-4-2