Алегри: Се распаднавме пред крајот, но овој бес мора да го задржиме и за следната сезона

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус, загуби уште една битка за трофеј на домашно тло. Отккао уште од поодамна е надвор од трката за тронот во Серија А, во средата во Рим беше совладан од Интер со 2-4, иако до 80. минута имаше водство во финале во Купот на Италија.

Масимилијано Алегри, тренерот на „старата дама“, жали за пропуштената шанса за освојувањето на трофејот. 

„Му честитам на Интер за победата. Игравме добро, но се распаднавме при крајот. Некои играчи не беа целосно подготвени, но дадоа сè од себе. Не освоивме ниту еден трофеј оваа сезона, а овој бес мора да го задржиме и за следната сезона, во која мора да им се вратиме на победите“, рече Алегри.

Стратегот на Јувентус беше исклучен за време на натпреварот поради конфликт со помошникот тренер на Интер.

Состави

Масимилијано Алегри

5-3-2

    Симоне Инзаги

    4-3-3