Алегри: Чекор по чекор да го намалиме јазот со водечките

Требаше да мине скоро еден месец за Јувентус пак да победи во едно натпреварување. По оние 2-0 на почетокот на септември против Специја, тимот на Масимилијано Алегри во натпревар од осмото коло на италијанското првенство ја совлада Болоња со 3-0.

Тренерот од Тоскана по натпреварот рече дека на тимот му е добредојдена оваа победа.

„Ми се допадна сплотеноста на тимот. Без победа сме повеќе од еден месец, така што беше убаво да се израдуваме на убедлив триумф.

Треба да останеме фокусирани. Уште сме далеку и треба да го вратиме статусот во Лигата на шампионите. Во Серија А треба чекор по чекор да го намалиме јазот со водечките екипи. Верувам дека можеме тоа да го оствариме“, изјави Алегри.

Јувентус ја забележа првата победа во последните четири кола во Серија А и со 13 бода и се искачи на седмото место на табелата. 

Состави

Масимилијано Алегри

4-4-2

    Тиаго Мота

    4-2-3-1