Ал Наср бадијала спремаше спектакл, Роналдо не смее да дебитира против Ал Таи!?

Кристијано Роналдо денес го одработи првиот тренинг со новата екипа. Португалскиот ас ги покажа своите вештини пред новите соиграчи и спремен е за своетно деби, но тоа нема да се случи утре, барем така тврди „Дејли Меил“. Британскиот медиум пишува дека Роналдо не смее утре да дебитира за својот нов клуб, поради казна која што му ја изрече ФА.

Неговиот нов клуб, Ал Наср, кој наводно му плаќа 175 милиони фунти годишно, ги продаде сите 28.000 билети за натпреварот против Ал Таи и овој натпревар требаше да биде спектакл за домашните фанови.

Но, самопрогласениот „уникатен“ играч, кој го напушти Манчестер Јунајтед во декември, сè уште не ја отслужил казната која што му ја изрече Англиската фудбалска асоцијација, поради неспортскиот потег што го направи на натпреварот со Евертон пред неколку месеци.

Имено, Роналдо видно разочаран го удри по раката малиот Џејкоб Хардинг додека влегуваше во тунелот, оштетувајќи го телефонот на момчето. Додека истрагата беше во тек, Роналдо го прифатил обвинение за несоодветно однесување.