ВИДЕО: Ајнтрахт се распадна во вториот дел, Спортинг со огромни три бода се враќа од Франкфурт!

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт имаше неславно деби во Лигата на шампионите. Освојувачот на Лигаа Европа во сезоната 2021/22 со големи амбиции го започна натпреварувањето во елитата, но на стартот се посрамоти пред домашните фанови. 

  • Извештај од натпреварот:

Во првиот натпревар од Д групата, Спортинг во вториот дел го скрши отпорот на очајниот домаќин и дома се враќа со убедлива победа од 0-3. Стартот на натпреварот во Германија започна со спорна ситуација пред домашниот гол. Главниот судија досуди најстрога казна, но беше повикан од своите колеги од ВАР собата, па самиот утврди дека погрешил и ја поништи својата првична одлука. 

Во продолжение двете екипи имаа свои моменти и шанси за отворање на резултатот. Едвард се закани за Спортинг, додека најголемата шанса за Ајнтрахт во првиот дел ја испушти Муами. На полувреме мрежите мируваа на „Дојче Банк Парк“, додека во вториот дел фудбалерите на Ајнтрахт тотално потфрлија и дозволија противникот да постигне три лесни гола и да слави огромна победа.

Резултатот го отвори Едвардс во 65. минута, а по само 120 секунди Тринкао погоди за 0-2. Катастрофалната игра на домаќините донесе нова радост на гостите и Сантос во 82. минута ги постави конечните 0-3.

Попладневната програма донесе уште еден натпревар, на кој Ајакс беше убедлив против Глазгов Ренџерс и славеше со 4-0.

Состави

Оливер Гласнер

4-2-3-1

    Рубен Амурим

    3-4-2-1