Агон Елези доби нов договор како подарок за добрите партии во Вараждин

Агон Елези е во одличен моментум во својата кариера. Откако доби дебитантски повик во А-тимот на репрезентацијата на Македонија, тој парафира и продолжување на договорот со хрватскиот прволигаш Вараждин. 

21-годишникот се очекува да добие шанса во претстојните натпревари во Лигата на нациите, откако доби прв повик од Благоја Милевски, а веќе дојде во Скопје со дополнителен мотив. Елези парафира продолжение на соработката со Вараждин до мај 2024 година. 

Новопечениот репрезентативец на Македонија потекнува од фудбалската школа на Шкупи, од каде во 2017 година замина во младата екипа на француски Каен. Откако не се наметна, Елези се врати во Македонија, во Влазерими, пред да замине во албански Скендербег. Од септември 2020 година тој е член на Вараждин, а клубот верува во него и му даде нов договор. 

Сезонава за Вараждин, Елези одигра девет натпревари и постигна два погодоци.