Агентот на Ериксен го потврди интересот од Премиер лигата

Ериксен

Кристијан Ериксен во изминатиот период тренира со младата екипа на Ајакс, додека очекува расплет околу неговата иднина.

Агентот на данскиот репрезентативец потврди дека тој сака да се врати во Премиер лигата. Негова цел е да ја подигне формата, за да биде достапен за Мундијалот во Катар.

„Кристијан сака да оди во Премиер лигата и очекувам тоа да се случи. Тој сака да оди во клуб каде што ќе може да игра што е можно повеќе. За да може да игра на Светското првенство, мора да влезе во форма и да биде активен на највисоко ниво“, вели неговиот агент Мартин Шутс.

Сè уште не е јасно каде точно Данецот ќе игра до крајот на тековната сезона. Според некои најави, Брентфорд му понудил шестмесечен договор, со опција да ја продолжи соработката на уште една година.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк