Адеми во тимот на колото во ХНЛ, во одлична форма пристигнува во Македонија 

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми имаше одличен викенд во дресот на Динамо Загреб и во добра форма ќе му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски, за претстојните два натпревари од Лигата на нации.

Искусниот играч за врска во неделата постигна гол во победата на својот тим против Локомотива со 2-1, и си обезбеди место меѓу најдобрите фудбалери на колото во ХНЛ-лигата. Адеми меѓу единаесетмината имаше трета најдобра оценка. 

  • Тимот на колото во хрватската елита:

Адеми во досегашниот дел од сезоната на петнаесет натпревари во сите натпреварувања запиша четири гола и две асистенции. Во средата испиша клупска историја и на „Сан Сиро“ го забележа својот стоти натпревар за „модрите“ на меѓународна сцена.