Адеми се врати на терен и асистира за Динамо Загреб

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ја надмина повредата и почна да игра за Динамо Загреб, што е добра вест за селекторот Благоја Милевски кој за еден месец ќе има нови предизвици во квалификациите за СП 2022.

Адеми се најде на терен на натпреварот против Шибеник, кој Динамо го доби со 2-0 (0-0). Македонскиот играч влезе во игра во 57. минута, а десет минути подоцна асиситраше до Лауритсен за првиот гол на загрепчани.

Конечната победа за „модрите“ од Загреб ја потврди Иванушец во 78. минута по додавање од Петковиќ.

Состави

Damir Krznar

4-4-2

    Mario Rosas

    4-4-2