Адеми, Ристовски и Елмас дебитираат во групната фаза на ЛЕ

Со натпреварот меѓу Спартак Москва и Легија Варшава (0-1), кој го реши Лирим Кастрати со гол во 91. минута, стартуваше новата сезона на Лигата на Европа. 

Во второто по ранг натпреварување на УЕФА, ќе настапуваат тројца македонски репрезентативци. Ељиф Елмас, Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе настапуваат во групната фаза на Лигата на Европа. Тројцата Македонци ќе дебитираат во новата сезона на натпреварувањето, откако беа дел од групната фаза и минатата.

Елмас и Наполи се најдоа во предизвикувачка група во која сепак според квалитетот се прв фаворит. Иако веќе вечер ќе играат против Лестер од Премиер лигата, „партенопеите“ мора да покажат карактер. Покрај Лестер, во групата Ц се најдоа и Легија и Спартак Москва, кои се соочија вчера. 

Динамо Загреб пак, се најде во последната група Х, каде што ќе игра уште еден премиерлигаш. Вечерва на „Максимир“ гостува екипата на Вест Хем, која тргна фуриозно во Премиер лигата и е без пораз. Освен „чеканите“, Адеми и Ристовски ќе се соочат со Рапид Виена и Генк. 

За прв пат оваа година Лигата на Европа се игра со 32 екипи. Првопласираните во осумте групи ќе се пласираат директно во осминафиналето, додека второпласираните во првата нокаут рунда ќе играат со осумте третопласирани во групната фаза на Лигата на шампионите. Сега и третото место во ова натпреварување носи европска пролет, но во Конференциската лига, во шеснаестинафиналето.