ВИДЕО: Адеми игра во добар ритам, даде гол за Динамо против Локомотива

На само ден пред првиот собир на репрезентацијата на Македонија во пресрет на дуелите во Лигата на нациите, Аријан Адеми постигна гол за својот Динамо Загреб. Капитенот на „модрите“ стрела во дуелот со градскиот ривал Локомотива, со што покажа дека во добра форма ќе одговори на повикот на селекторот Милевски. 

На самиот старт на дуелот во Загреб, Адеми донесе предност за својата екипа. Акцијата низ средината ја водеше Батурина, а еден од противничките играчи во обид да украде, му ја додаде топката на македонскиот репрезентативец. Адеми ја прими и речиси од линијата на шеснаесетникот упати одличен удар во мрежата за 0-1. 

  • Голот на Аријан Адеми со Локомотива:

Досега од стартот на сезоната Адеми има два погодоци и асистенција за Динамо, а тимот е суверен лидер во ХНЛ со голема предност пред конкуренцијата. Во претходната рунда на првенството нашиот репрезентативец беше асистент на голот за победа над Горица на Игор Ангеловски. 

Адеми одново ќе биде меѓу носителите на играта на Македонија во претстојните клучни натпревари во Лигата на нациите. На оваа средба со Локомотива од непознати причини го немаше Стефан Ристовски.